ПОГОЛЕМА ГРУПА НА РАКОМЕТНИ ФАНОВИ ВО СЦ „ДРАЖЕН ПЕТРОВИЌ"

Македонија ќе навива за МЗТ!

Средбата се игра во невообичаен термин од 15 часот. Но, недела е слободен ден на ракометното Европско првенство, па дел од ракометните фанови на Македонија може да гледаат и кошаркарски меч на кој ќе игра нашиот клуб, а има и такви кои заминаа во Загреб само за викендов, и истотака ќе го проследат гостувањето на МЗТ.

објавено: 14 јануари 2018 - 13:00

Со пораз од Цибона почна лошата серија на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, а евентуален реванш против истиот противник, сега на негов терен, може да биде знак за почеток на подобри времиња за македонскиот шампион.

А на денешното гостување во Загреб „металците" ќе имаат „ветер во грб" од поголема група македонски љубители на спортот, кои најавија свое присуство во салата.

„Пред нас е меч во кој бараме победа за кревање на атмосферата во тимот, и овојпат се соочуваме со проблеми со повредени играчи, со оглед на тоа дека Дарко Соколов сеуште не е подготвен да ни помогне. Згора на тоа ростерот и понатаму не ни е докомплетиран со оглед на празнината на плејмејкерската позиција по заминувањето на Павичевиќ.
Од друга страна, против себе ја имаме силната Цибона, која има преголем број на искусни играчи со долгогодишно искуство во АБА лигата. На нас е да го дадеме максимумот, да покажеме дека формата е во нагорна линија, и да пробаме тоа да го покажеме во Загреб" - вели не баш претерано оптимистички тренеот на „металците", Жељко Лукајиќ.

Средбата се игра во невообичаен термин од 15 часот. Но, недела е слободен ден на ракометното Европско првенство, па дел од ракометните фанови на Македонија може да гледаат и кошаркарски меч на кој ќе игра нашиот клуб, а има и такви кои заминаа во Загреб само за викендов, и истотака ќе го проследат гостувањето на МЗТ.
На „металците" нема да им биде лесно да го изненадат противникот кој сезонава има шест победи во АБА. Тренер на Цибона е Анте Назор, хрватскиот стручњак кој во минатата сезона седеше на клупата на МЗТ.
Назор познава дел од играчите на МЗТ и ќе се обиде да го искористи тоа. Проблем за аеродромци е што повторно нема да игра Соколов, па Доминик Мавра и Дамјан Стојановски остануваат единствени бекови во составот.

Најново во Кошарка