НЕ ОДИ (ПО) ДАЛЕКУ ОД АЕРОДРОМ

МЕКИЌ: Одам во Куманово, по своите минути и место...

Репрезентативниот бек ги договорил сите услови со екипата на Куманово.

објавено: 13 ноември 2017 - 19:00

Адем Мекиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако попладнево потпиша договорен раскин на соработката со шесткратниот македонски шампион.

Но нема долго време да „остане без работа“, затоа што репрезентативниот бек ги договорил сите услови со екипата на Куманово. 

„Се договорив за предвремен раскин на договорот со МЗТ Скопје затоа што мојата желба беше да одам некаде каде што ќе играм, Ќе имам поголема минутажа и поважна улога во тимот. Морам да кажам дека во МЗТ Скопје поминав три прекрасни години. Дека стекнав доста знаење. ја имав таа среќа во тој период да соработувам со врвни играчи и исто такви тренери. Затоа сум им благодарен. И на клубот, на соиграчите, и на стручниот штаб“- порача на заминување од Аеродром, Мекиќ 

Оваа сезона настапи на четири средби во „сино-белиот“ дрес во АБА-лигата, со просек од три поени за 17 минути кои ги минуваше на паркетот. Нешто поголем му е уделот во средбите од домашниот шампионат, каде што просечно реализираше 7. поени со 2,5 скока.

Македонскиот репрезентативец во понатамошната кариера, односно веже од утре ќе се води како играч на Куманово.

Договорени се сите детали. Oстанува да го ставам само потписот на договорот со клубот. Куманово е местото каде реално очекувам да го имам тоа што го немав во МЗТ. Да играм, и тоа во континуитет, и да бидам во конкуренција за место во националниот тим“- потврдува 195 сантиметри високиот бек кој претходно беше дел и од екипата на Вардар. 

Најново во Кошарка