ПРОМЕНИ ПРЕД ГОСТУВАЊЕТО НА МЗТ СКОПЈЕ ВО БЕЛГРАД

МУТА Е МИНАТО: Чанак е тренерската иднина на Партизан?

Досегашниот шеф на струката на „црно-белите" Мирослав Николиќ е сменет од позицијата после итниот состанок на клубот од Хумска1...

објавено: 12 декември 2017 - 20:10

Со нов шеф на стручниот штаб ќе го дочека Партизан доаѓањето на нашиот првак МЗТ Скопје и саботниот меч од 12. коло од АБА лигата закажан за сабота навечер во салата „Александар Николиќ" во Белград.

Пред се затоа што по серијата на катастрофални резултати, раководството на белградските „црно-бели" одлучи да го смени од првата тренерска позиција Мирослав „Мута" Николиќ.

А како негов многу извесен наследник се споменува името на ланскиот асистент во стручниот штаб на „црно-белите", Ненад Чанак.
Николиќ ја превзема жешкaта клупа во текот на летото, а ова беше негов втор тренерски мандат на Партизан каде претходно работеше од 1996 до 1998 година.
Оваа сезона најтрофејниот тим во АБА лигата игра со големи осцилации. ВО АБА лигата падна на ефект под 50% (5/6), а уште полошо игра во Еврокупот (1/6).
Пред неколку дена и МЗТ Скопје го смени шефот на струката. Па на местото на Александар Тодоров кој си поднесе оставка, новиот раководен тим го постави искусниот Жељко Лукајиќ.

 

Најново во Кошарка