ПРОМЕНА НА СТРАТЕГИЈАТА ВО АЕРОДРОМ

МЗТ БЕЗ АМЕРИКАНЦИ: Бејли си оди во среда, наскоро и Гарсија

Согласно со договорот, Брет Бејли ќе и замине од клубот во рок од 24. часа, а истата судбина го чека и неговиот американски сонародник Ерик Гарсија, кој не ги оправда очекувањата...

објавено: 6 ноември 2017 - 19:20

До крајот на оваа седмица екипата на МЗТ Скопје ќе има сосема поинаков лик. И ќе биде место, односно ростер кој во понатамошниот дел од сезоната ќе функционира без кошаркари од САД.

Од порано стана јасно дека Даниел Џенсен не е квалитет за македонскиот првак. Затоа и доби предвремен раскин на договорот.
Следниот кој ќе си замине од „Јане Сандански" е Брет Бејли. Американското крило има(ше) договорна обврска со „сино-белите" заклучно со 10. ноември. Но поради слабите перформанси, особено во последно време, од МЗТ Скопје одлучија да не го продолжат неговиот престој во Скопје.


Па во рок од 48. часа ќе биде слободен во избор на нова играчка средина.
Но и тоа не е се кога станува збор за промените во играчкиот состав на најдобриот македонски клуб во изминатиот период.
Пред се затоа што следен кандидат за напуштање на тимот е и третиот Американец, Ерик Гарсија. И последниот меч оној против Мега Бемакс, покажа плејмејкерот не може да одговори на потребите кои со себе ги носи играње во така квалитетно натпреварување како АБА лигата.

Односно дека по оној добар старт, и тој, како што впрочем е ситуацијата во екипата, падна во играчка криза. Против Црвена Звезда во Белград, даде два, а со Мега Бемакс, седум поени, но повеже од тоа беше видлива неговата инфериорност во оние дефанзивни задачи против поквалитетни организатори на играта.
Впрочем од тие причини МЗТ Скопје веќе го ангажираше Хрватот Доминик Мавра, а можно е во наредните денови да биде ангажиран уште едне играч на тие први бековски позиции.
Ако се земе в предвид дека во меѓувреме, од Аеродром го потврдија доаѓањето на високото крило Ѓорѓе Мајсторовиќ, претходно и Мавра, односно Радосав Спасојевиќ, јасно е дека македонскиот првак видно го промени својот концепт.
Пред се во изборот на странски кошаркари, со кои треба да дојдат и подобри резултати. Не само во АБА лигата, туку и во домашното првенство.

Најново во Кошарка