НАВИВАЧКО РЕЗИМЕ НА ЧЕЛНИЦИТЕ НА АБА ЛИГАТА

МЗТ Е СЕДМИ НАЈГЛЕДАН КЛУБ НА ЈАДРАНОТ: „Гробарите" ги имало најмногу

На 11. домашни натпревари кои македонскиот шампион ги играше на домашен терен во оваа сезона, присуствувале 21.700 посетители, или во просек по 1.973 на натпревар...

објавено: 17 април 2018 - 12:45

Крајот на сезоната во АБА лигата, заокружен со оној историски триумф на Будуќност над сега веќе поранешниот шампион, Црвена Ѕвезда, ги донесе и оние официјални бројки, пред се поврзани со гледаноста на мечевите.

Не само во оние редовни 22. кола, туку и во доигрувањето за титулата.
Во сезоната, која (барем засега) е последна за МЗТ Скопје, клубот од Аеродром бил седми на листата според посетеноста.

Имено, на 11. домашни натпревари кои македонскиот шампион ги играше во оваа сезона во СЦ „Јане Сандански" во Скопје, присуствувале вкупно 21.700 посетители.
Или во просек по 1.973 на натпревар, што ги става „сино-белите" на позицијата број 7 во ова рангирање.
Интересно е што на онаа првата не е ниту еден од двата клуба финалисти, туку екипа која воопшто не влезе во доигрувањето, а важи за најтрофејна во АБА – Партизан.

Натпреварите на белградските „црно-бели" ги виделе точно 50.500 гледачи или во просек по 4.591 по натпревар, со кои се пред нивниот најголем ривал, Црвена Ѕвезда (просек од 4.416 гледачи) и пријатното изненадување, Задар (4.341 посетител).
Екипата на ФМП е единствената чиј просек на публика е под „илјадарката". Поточно популарните „пантери" имале по 914 навивачи на средбите одиграни во Железник.

Најново во Кошарка