„Металците" против екипа која победува само дома

МЗТ го урива максималниот домашен скор на Рогашка?

Дуелот во Рогашка Слатина, вечерва од 19.часот, носи посебна интересност, ќе играат две екипи кои победуваат на домашен терен, односно имаат максимален ефект пред своите гледачи...

објавено: 21 ноември 2018 - 14:10

Нема „стој" за кошаркарите на МЗТ Скопје. И додека другите домашни екипи „одмораат", онаа од Аеродром прфолжува по својто „јадрански пат". А истиот ги носи далеку, многу далеку, дури до Словенија, во местото Рогашка Слатина, каде вечерва, ги чека дуелот од деветото коло од АБА 2 лигата против екипата наречена Рогашка.

Интересно, екипа која сите три победи во досегашниот дел од сезоната во АБА 2 лигата, колку што има во осум кола, ги заработи на домашен терен.
Словенците важат за „домашна екипа", затоа што во оваа фаза, во осум одиграни кола, дома беа подобри од екипите на Зрињски, Вршац, и Сутјеска.
Исто таква е и нашата. Со таа разлика што МЗТ Скопје впиша дури пет, кои со оној во Вршац, ги стави на втората позиција на табелата. Она ана коај скаата да останат и по одигрувањето на овие 40.минути во Словенија.

„Мислам дека екипата 'заборави' на оној меч со Работнички, прв загубен на домашен терен во сезоната. Одговоривме позитивно на наредниот дуел во Гевгелија, се надеваме дека во тој стил ќе продолжиме и во Рогашка" - вели првиот тренер на „сино-белите", Ѓорѓи Кочов.

Кочов ја има анализирано играта на словенечкиот претставник, иако потенцира дека Рогашка игра многу подобро пред своите симпатизери отколку на гостински терен.

„Според досегашните резултати, секако, важат за домашна екипа. Тоа ја прави нашата работа уште посложена. Но од друга стана не тера да го покажеме спротивното. Да пробаме да го прекинене тој нивни низ на добри игри и на успеси на нивниот терен. Со тоа би биле чекор поблиску до врвот во АБА 2 лигата каде и реално е местото на МЗТ Скопје"- дополнува младиот тренер на „металците".

 

 

Најново во Кошарка