ПОСЛЕДЕН МЕЧ ЗА „АЕРОДРОМЦИ" ПРЕД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

МЗТ ќе игра за својата чест во Подгорица каде никогаш не победиле досега

МЗТ Скопје Аеродром има само девет кошаркари на располагање за вечерашното гостување (19.часот) кај Будуќност во Подгорица. Тоа се Настовски, Соколов, Лалиќ, Пенов, Минчев, Трајковски, Спасојевиќ, Стојановски и Маслинко.

објавено: 11 февруари 2018 - 16:55

МЗТ Скопје Аеродром има само девет кошаркари на располагање за вечерашното гостување (19.часот) кај Будуќност во Подгорица. Тоа се Настовски, Соколов, Лалиќ, Пенов, Минчев, Трајковски, Спасојевиќ, Стојановски и Маслинко.

Повредени се Мајсторовиќ и Симоновски, а Крофорд и Нешовиќ немаат право на настап во АБА лигата, па пред МЗТ е уште една екстремно тешка задача, особено што „металците" во својата клупска историја, никогаш не победиле во салата „Морача" во Подгорица.

Будуќност се бори да ја задржи втората позиција, и за нив вечерашниот меч е поважен, отколку за МЗТ, кој веќе е испаднат од Јадранската лига.

„Без разлика на ситуацијата цо која се наоѓаме, за нас секој натпревар е исклучително важен исто како и секој тренинг до крајот на сезоната. Против Будуќност ќе одиграме нешто ново во одбраната, каде што се надевам дека ќе го подобриме индивидуалниот пристап кон задачите, што подоцна ќе ни користи на другите фронтови.
Сакаме да го подобриме впечатокот во АБА лигата иако сме свесни дека против себе имаме исклучително силен тим, кој е меѓу најдобрите во лигата. И дека сакаме да ја подобриме атмосферата в екипата пред клучниот дел од сезоната на домашната сцена"- гласат очекувањата на тренерот на „сино-белите", Жељко Лукајиќ пред тешкото гостување во Подгорица.

 

Најново во Кошарка