СПОРЕД СТАТИСТИКАТА ВО АБА ЛИГАТА

МЗТ на домашен терен го гледале 16.687 гледачи

Карпош Соколи беше уште помалку посетен, па го следеле вкупно помалку од 10.000 гледачи во сите средби 

објавено: 18 април 2017 - 14:30

Двете македонски екипи во АБА лигата немаа голема поддршка од трибините сезонава, а тоа го покажува и статистиката. Според направените пресметки, МЗТ Скопје во 13 средби одиграни во „Јане Сандански“ вкупно го следеле 16.687 гледачи. Тоа значи дека во просек имало по 1.283 гледачи, што е доволно да биде на 10 место според ова рангирање. 

Карпош Соколи е уште подоле на оваа листа. Во 13 меча, Соколи во „Борис Трајковски“ вкупно собра 9.600 гледачи, односно во просек по 738 по натпревар. Единствено ФМП имал помалку публика кога играл на свој терен (вкупно 6.759 гледачи).

На врвот на листата е Партизан со вкупно 65.900 фанови на трибините во 14 одиграни дуели, што е просек од 4.707. Веднаш зад Партизан според просекот е Црвена Звезда. „Црвено-белите“ одиграа вкупно 17 дуел на свој терен и вкупно имале 73.752 гледачи, односно 4.338 во просек. Во Топ 3 е и екипата на Задар со вкупно 43.200 гледачи (просек од 3.323 по меч).

 

Најново во Кошарка