ЈУНИОРСКИOТ ТИМ НА „МЕТАЛЦИТЕ" СО ВТОР ПОРАЗ

МЗТ не е МЕГА!

Со поразот од (67:88) во дуелот со Мега Бемакс, младите кошаркари од Аеродром ги загубија шансите да се најдат на завршниот турнир од јуниорската АБА лига.

објавено: 26 ноември 2017 - 10:45

Јуниорската селекција на МЗТ Скопје не успеа вo обидите да ги задржи шансите за пласман на завршниот турнир на АБА во оваа конкуренција на играчи „Под 19" години.

„Сино-белите" загубија, и тоа убедливо во дуелот против вториот фаворит на собирот во Белград, екипата на Мега Бемакс.
Мега Бемакс – МЗТ Скопје 88:67 (24-18; 27-16; 17-16; 20-17)

Најголем дел од работите младиот состав на Мега Бемакс ги заврши уште во првото полувреме. Тимот кој го води некогашниот прв тренер на на сениорскиот тим на МЗТ Скопје, Влада Вукоичиќ направи предност од 17 поени, односно (51:34), па во вториот дел знаеја како да ја одржуваат, и на крајот да го добијат мечот.


А исто како и на претходните дв меча,против Морнар и Цибона, во нашата екипа се издвоија три двоцифрени играчи.
Најмногу 16, уфрли Крстевски, Трсунов даде 13, а двоцифрен беше и Валмир Какруки со десет реализирани поени.

По пауза од неколку часови, МЗТ Скопје го чека и најтешкиот противник на турнирот. Од 16 часот избраниците на Небојша Ѓуковиќ ќе играат против белградска Црвена Звезда.

 

Најново во Кошарка