ВРАЌАЊЕ НА САМОДОВЕРБАТА, СЕГА ВРАЌАЊЕ НА ПУБЛИКАТА

МЗТ сака „полна сала“ против Антиќ и „звездашите“

Навивачите и симпатизерите на МЗТ Скопје Аеродром ќе можат да го следат атрактивниот меч против Црвена Звезда во АБА-лигата, по цена од 100 денари.

објавено: 15 јануари 2018 - 14:16

МЗТ Скопје Аеродром вчера успеа да ја совлада Цибона во Загреб и ги врати надежите за опстанок во јадранското натпреварување.

А по вражањето на самодовербата во играчкиот дел, раководснито сака „полна сала“ веже на нареднито меч од АБА конкуренцијата.

Навивачите и симпатизерите на МЗТ Скопје Аеродром ќе можат да го следат атрактивниот меч против Црвена Звезда во АБА-лигата, по цена од 100 денари.

Вака гласи објавата македонскиот првак на својот официјален сајт. Натпреварот ќе се одигра на 22.јануари, наредниот понеделник, со почеток во 18 часот.

Влезниците се пуштени во продажба, а може да се купат на касата при спортскиот центар „Јане Сандански", како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

 

Најново во Кошарка