ОД ТИМ ЗА ПОЧИТ ДО ТИМ ПОТСМЕВ

МЗТ Скопје е „најтролан“ во регионот: Што пари потрошија, до сега ќе го купеа Датоме

МЗТ Скопје во изминативе неколку сезони е главна тема за потсмев на социјалните мрежи кога станува збор за АБА-лигата. Лошото менаџирење, македонскиот шампион го доведе на дното на табелата и речиси го стави на излезната врата на јадранското натпреварување по „стаж“ од шест сезони. 

објавено: 11 декември 2017 - 12:05

Ништо ново, барем, засега не видовме од МЗТ Скопје во АБА-лигата. Македонскиот шампион ја игра најлошата сезона и тоа не само во регионалното натпреварување, туку и во домашното првенство. И овојпат една од главните причини за очајното издание е лошото менаџирање со клубот. Ние би рекле на Запад ништо ново.

Тимот од Аеродром како и секоја сезона, така и оваа влезе со големи амбиции, но брзо ја фати удолницата. По 11. кола се најде на дното на табелата во АБА-лигата, а одлуката на МКФ веднаш да настапува во Првата лига, како да ги дотепа „сино-белите“, имаа три пораз и во моментов се на седмото место на табелата и во домашниот шампионат.

Главна одлика на МЗТ Скопје и оваа сезона за жал се постојаните промени во составот, како и тренерските имиња. Шампионот тргна со едни играчи, а за кратко време повторно чаре бараше во нови кошаркарски имиња. Кога и тоа не „запали“, дојде на ред тренерот. Александар Тодоров си замина, на негово место застана Жељко Лукајиќ. Српскиот стратег немаше среќа со победа да дебитира, МЗТ Скопје прокоцка водство од 19 поени и покрај тоа што на трибините ги имаше најверните фанови „Фемили“, кои одлучија да го прекинат штрајкот и да се вратат токму за Морнар.

Лошото издание во изминатите неколку години, како и честите промени во составот е причината поради која македонскиот шампион е најтролан тим во регионот. 

Ви издвојуваме дел од нив, иако повеќето се од пред еден месец, сепак „држат вода“, бидејќи во МЗТ Скопје не се промени буквално ништо.

Најново во Кошарка