БЕЗ РАЗЛИКА НА РЕЗУЛТАТОТ ОД „МАЈСТОРКАТА“ ВО ПРВЕНСТВОТО

МЗТ Скопје и следната година ќе биде дел од АБА лигата

Ова бешпе потврдено на денешното Собрание на регионалната лига. Карпош Соколи е тимот кој извиси

објавено: 23 мај 2017 - 20:17

МЗТ Скопје Аеродром во следната сезона ќе биде единствниот македонски претставник во регионалната АБА лига, без разлика кој клуб утре ќе ја освои шампионската титула кај нас. Вака одлучи мнозинството клубови на денешниот состанок на Собранието на Јадранската лига.

Тоа што МЗТ е еден од основачите на лигата, му даде предност во однос на Карпош Соколи. По старите правила, првакот на Македонија, требаше да има предност. Вака, Соколи кој минатата сезона дебитираше во ова натпреварување сега е во аут, а „штрковите“ од Аеродром, ќе ја играат шестата сезона во ова натпреварување.

Се укинува доделувањето вајлд-карта, АБА лигата во претстојната сезона ќе има 12 клуба, што е кратење за два во однос на минатата.

Сигурни учесници се Цедевита, Задар, Цибона, Унион Олимпија, Игокеа, Будуќност, Морнар и МЗТ Скопје. Четири тима ќе даде Србија, а тоа најверојатно ќе бидат Црвена Звезда, Партизан, Мега Лекс и ФМП.

Најново во Кошарка