КАКО ШТО НАЈАВИЈА, ШАМПИОНОТ ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА МЛАДИТЕ

МЗТ Скопје пријави тим во јуниорската лига на АБА

МЗТ Скопје Аеродром и официјално пријави тим за настап во новоформираната јуниорска лига на АБА, која се очекува да стартува во текот на претстојната сезона.

објавено: 22 јуни 2017 - 15:08

МЗТ Скопје Аеродром и официјално пријави тим за настап во новоформираната јуниорска лига на АБА, која се очекува да стартува во текот на претстојната сезона.

„Тоа ќе биде одлична можност за талентите од нашиот клуб да ги одмерат силите со најдобрите врсници од просторот на поранешна СФР Југославија и да одиграат 10-14 натпревари преку кои ќе добијат шанса за надградба и напредок. Засега не е дефиниран принципот според кој ќе играат јуниорските тимови, но тоа најверојатно ќе биде со поделба во две групи и со играње секој со секого на два турнири кои ќе бидат одиграни на различни места“, соопштија од таборот на шампионот.

Конечниот број екипи што ќе учествуваат во новата У-19 лига на АБА ќе биде познат на почетокот од следниот месец, по што ќе биде објавен изгледот на групите и начинот на кој ќе се игра.

 

Најново во Кошарка