ВО РЕГИОНАЛНОТО НАТПРЕВАРУВАЊЕ НЕМА БЕСКОНЕЧНОСТ

МЗТ Скопје рано ги потроши „џокерите“ во АБА, има право на уште еден играч

Македонскиот шампион се најде во речиси безизлезна ситуација кога станува збор АБА-лигата. Не само што тешко ќе се извлече од дното и ќе обезбеди опстанок до крајот на сезоната има право да ангажира само уште еден играч за потребите во ова натпреварување. 

објавено: 11 декември 2017 - 15:00

Македонскиот шампион се најде во речиси безизлезна ситуација кога станува збор АБА-лигата. Не само што тешко ќе се извлече од дното и ќе обезбеди опстанок, до крајот на сезоната има право да ангажира само уште еден играч за потребите во ова натпреварување. 

Трендот кој МЗТ Скопје го „гае“ веќе неколку сезони не само што не вроди(л) плод, овој пат скапо ќе го чини. Листата на пријавени играчи е исполнета, чудно но вистинито досега се изротираа 19 играчи, а во јадранското натпреварување промените на составот се ограничени. Секој тим има право да пријави максимум 20 кошаркари. Ова значи дека новиот стратег, Жељко Лукајиќ барем за АБА-лигата има право да пријави уште едно име...

Среќна околност за бранителот на титулата во домашниот шампионат е што кај нас може да прави промени бесконечно...

Дали српскиот стратег ќе го продолжи трендот на МЗТ Скопје останува да видиме наскоро!

ЛИСТА НА ИГРАЧИ НА МЗТ СКОПЈЕ ОВАА СЕЗОНА

 

 

Најново во Кошарка