КРАЈ НА ЈАДРАНСКИТЕ МАКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН

МЗТ Скопје во серијата „Заборави ако можеш"

Сакаа едно, се случи нешто сосема друго, или крајно спротивното... Сакаа подобар пласман од некои од оние претходните, на крајот мораа(т) да се задоволат со последната позиција во скратената АБА лига...

објавено: 12 март 2018 - 12:45

Сакаа едно, се случи нешто сосема друго, или крајно спротивното... Сакаа подобар пласман од некои од оние претходните, на крајот мораа(т) да се задоволат со последната позиција во скратената АБА лига. Лига чиј формат оваа сезона е со 12. клубови учесници.

Дали ќе биде променет, останува да се види, исто како што останува и отворено она главно прашање за македонската клупска кошарка, дали МЗТ Скопје ќе биде дел од ова регионално натпреварување и во наредната натпреварувачќка сезона.
Но за тоа – потоа...


Сега малку за актуелниот момент, односно оној статистичкиот
Што, кој и колку даде за МЗТ Скопје во оваа сезона, турбулентна во секој поглед,
Сезона во која, на пример, низ Аеродром продефилираа максимално, 20 играчи.

Добар дел од нив одамна ги нема...
Прво си заминаа Бејли, Гарсија, Џенсен, потоа и Павличевиќ, Мавра, сега и Минчев, во меѓувреме и репрезентативците, Бобан Стајиќ и Адем Мекиќ, но и оние младинските, како Митев и Мамузиќ. Или бројчано гледано, половина тим не живее веже во „Јане Сандански".
Го нема ниту Александар Тодоров, кој на половина од половина од сезоната си замина, а неговото место беше пополнето со ангажман на странски тренер – Жељко Лукајиќ.
Сезоната ја доиграа десетмина кошаркари, па затоа крајниот епилог ќе биде оценет и низ призмата на нивните индивидуални изведби во текот на овие 22. кола.
Крајно неуспешни за нашиот првак ако се знае дека стигна до ефект од три победи и дури 18. порази. И последно место, број 12, на табелата.
Капитенот Дамјан Стојановски ги одигра сите 22. меча, еден помалку од него Јуре Лалиќ, Бојан Трајковски и Игор Пенов запишаа по 20. настапи...

Најдобар поентерски ефект оствари Лалиќ, уфрли 277 поени на мечевите на кои играше. Веднаш до него е двоецот Трајковски (261) - Стојановски (252. поени).
Лалиќ е и најдобриот скокач во тимот на МЗТ оваа сезона во АБА лигата. Високиот Хрват има вкупно 121. скок, додека веднаш зад него е трајковски со 108, премалку за овој вид на квалитетно натпреварување.
Кај оној „додавачки дел", во преден план излезе Стојановски со 59 асистенции (иако повеќе од него додека играше имаше Мавра – 75).

Збирниот процент на реализација одново го става Лалиќ на првото место. Погодувал во просек со 68.3% од дистанца, додека пак втор, иако со далеку помал број на минути и настапи е Маслинко со 59.3%.
Најдобар тројкаш е Дарко Соколов, кој од таа позиција реализирал со 43.8%, пред Мајсторовиќ со 42.9% (Минчев имаше 41.45), а изведувач на слободни фрлања Спасојевиќ со одлични 91.9%, пред Симоновски со 83.3% и Стојановски со 81.4%.
Најмногу освоени топки – 13, има Трајковски, најмногу загубени исто така, Трајковски, дури 46.
Трајковски и Лалиќ имаат по седум блокади, а капитенот Стојановски далеку најголем број на одиграни минути во оваа сезона за заборав – вкупно 685.

 

Најново во Кошарка