Се редат тешки дебакли

МЗТ веќе си се навикна на нокаути - Ново замрзнување во Подгорица на минус 42

Македонскиот првак МЗТ Скопје е лесен залак за ривалите во АБА лигата, а вечерва го претрпе и четвртиот пораз во серија со огромна разлика (62:104).

објавено: 11 февруари 2018 - 20:28

Македонскиот првак МЗТ Скопје е лесен залак за ривалите во АБА лигата, а вечерва го претрпе и четвртиот пораз во серија со огромна разлика.

Во Подгорица Будуќност си поигра со аеродромци и ги декласира со 104:62. Ова е нов дебакл со разлика меѓу 35 и 45 поени, со колку што МЗТ ги загуби последните четири натпревари во Јадранската лига.

Кошаркарите на Будуќност беа апсолутно надмоќни, а гостите немоќни. Само Лалиќ и Спасојевиќ кај МЗТ Скопје постигнаа двоцифрен број на поени, а вкупно искомбинираа 31 поен. Останатите кошаркари на последнопласираната екипа во АБА лигата беа индиспонирани и нерасположени за посериозен отпор.

Кај домаќинот Николиќ беше најефикасен со 21 поен, Долман постигна 14, а Поповиќ даде 13 поени. Со само три победи и 17 порази МЗТ е убедливо на дното во оваа лига.

 

Најново во Кошарка