Десетти пораз по ред на македонскиот првак

На МЗТ се билда разлика, нов тежок пораз од Задар гарниран со стотка

Македонскиот шампион МЗТ Скопје доживеа нов тежок пораз во АБА лигата, гарниран со стотка од Задар

објавено: 29 декември 2017 - 21:41

Македонскиот шампион МЗТ Скопје доживеа нов тежок пораз во АБА лигата, гарниран со стотка од Задар. Во „Крешин дом“, или популарната сала „Јазине“ гостите од Скопје претрпеа дебакл од 105:80.

Незадржлив беше Американецот Џошуа Бостик со неверојатни 38 поени. Тој беше извонреден и погоди дури осум тројки од 12 обиди, а новиот десетти неуспех по ред на МЗТ Скопје се наѕираше уште на почетокот.

Задар набрзина направи дури 21 поен разлика, а единствениот добар период на гостите беше во втората четвртина што ја добија со 27:23 и намалија  во еден момент на 7 поени разлика. Сепак домаќините повторно се вратија во ритам и на полувреме заминаа со предност од 14 поени, 55:41.

Во продолжението Задар беше подобар ривал и ја зголемуваше разликата до конечните 25 плус, за убедлива победа од 105:80.

Освен Бостик, кај домаќините одличен беше и Ноулс со 18 поени и Шпраља со 13 поени.

Кај МЗТ Скопје Минчев беше најефикасен со 17 поени, а еден помалку псотигнаа Мавра и Лалиќ.

Најново во Кошарка