АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВ СО МИНИ АНАЛИЗА НА ВТОРИОТ УСПЕХ НА МЗТ

НАМЕСТО АБА, НАЛИКУВАШЕ НА ОЛ-СТАР НАТПРЕВАР: Кога ќе примите 99 поени, тоа е далеку од добро, но...

„Тоа беше еден тежок натпревар затоа што игравме против една одлична екипа. Почнавме шутерски добро. Но катастрофално во одбраната, па на полувремето имавме нешто што повеќе наликуваше на Ол-стар отколку на натпревар од АБА лига“.

објавено: 17 октомври 2017 - 00:10

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров, можеше да констатира издание какво што посакува. Неговата екипа да игра за поен повеќе во однос на противничката. А неговите играчи на гостувањето во Лакташи и во буквална смисла го пренесоа тоа „долу на теренот".

„Тоа беше еден тежок натпревар затоа што игравме против една одлична екипа. Почнавме шутерски добро. Но катастрофално во одбраната, па на полувремето имавме нешто што повеќе наликуваше на Ол-стар отколку на АБА лига. Во второто полувреме Бајиќ се обиде со Рајт на 'петка', и со четири 'мали играчи' да не развлечат. Ние успеавме таа ситуација добро да ја решиме. Но кога ќе примите 99 поени, тоа е далеку од добро. На крајот можеме да бидеме задоволни затоа што победивме една од најквалитетните екипи во лигата"- искоментира по мечот во Александровац, Александар Тодоров.

Најново во Кошарка