ПРВИ ВПЕЧАТОЦИ НА ЕРИК ГАРСИЈА КАКО ИГРАЧ НА МЗТ СКОПЈЕ

Не знаев ништо за Македонија, но полека учам некои работи

„Ми се доаѓа тоа што досега во видов во Македонија, а презадоволен сум од приемот во МЗТ Скопје и од начинот кој засега сум третиран од сите во клубот. Искрено, не знаев речиси ништо за државата пред да дојдам, освен сликите што ги гледав на интернет откако потпишав договор"- признава Американецот

објавено: 23 август 2017 - 14:25

Американецот Ерик Гарсија, уште од самиот почеток најави голема борба за секоја топка и на победа на секој натпревар кој „аеродромци“ ќе го одиграат сезонава.

„Изминатиов период го минав во гледање натпревари на екипите против кои ќе играме, пред се во АБА-лигата, која е навистина квалитетна со многу одлични игра во неа. Секој натпревар ќе биде голема борба, поради што мора напорно да го одработиме периодов за да бидеме подготвени за предизвикот кој е пред нас. Сакам да победувам и верувам дека ќе имам многу шанси за тоа во дресот на МЗТ Скопје", вели Гарсија.

Признава дека не знаел скоро ништо за Скопје, за Македонија. Но и дека како сите паметни луѓе го искористил интернетот за да се „подготовки“ за „ова тука“, односно ангажманот во македонскиот шампион. 

„Ми се доаѓа тоа што досега во видов во Македонија, а презадоволен сум од приемот во МЗТ Скопје и од начинот кој засега сум третиран од сите во клубот. Искрено, не знаев речиси ништо за државата пред да дојдам, освен сликите што ги гледав на интернет откако потпишав договор“ - дополнува идниот прв разигрувач на нашиот единствен претставник во АБА лигата. 

Најново во Кошарка