СО СИМОНОВСКИ, НО БЕЗ СОКОЛОВ НА ИГОКЕА

НЕМА ДРУГО ЗА МЗТ: Победа во Лакташи, победа и во Скопје!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром првиот натпревар во 2018 година ќе го одиграат денеска, на домашен терен, против екипата на Игокеа

објавено: 5 јануари 2018 - 14:00


Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром првиот натпревар во 2018 година ќе го одиграат денеска, на домашен терен, против екипата на Игокеа
Од 17 часот„сино-белите" ќе пробаат да дојдат до третиот триумф сезонава во АБА-лигата со што би ставиле крај на низата порази. За нов тоа би бил вториот успех над ривалот од Лакташи. Една од ретките која беше победена во оној прв круг од натпреварите.
И таа победа во Лакташи е единствената за МЗТ Скопје остварена на гостински терен.
Она што е битно дека по кратка пауза во тимот се враќа Марко Симоновски, но не и Дарко Соколов. Репрезентативниот бек и понатаму е во „аут" поради повреда на коленото. И токму ротацијата на бековските позиции и понатаму е голем проблем за тренерот Жељко Лукајиќ, кој очекува значаен удел во играта од бугарскиот интернационалец, Јордан Минчев.

Очекувам тежок натпревар. Кошаркарите на Игокеа ќе влезат максимално мотивирани во овој меч, пред сѐ поради желбата да ни се реваншираат за поразот кој им го нанесовме во Лакташи. Ние сме во лоша ситуација во моментов, но тренираме добро, работиме максимално и ќе дадеме сѐ за да го совладаме незгодниот противник" - вели Минчев пред средбата со босанскиот претставник.

Добро познат за популарниот „Струја" кој дел од својата кариера помина меѓу „игосите".

„Се надевам дека ќе ја прикажеме истата онаа енергија како и на претходните домашни средби на кои игравме далеку подобро во однос на гостувањата. По Задар ги засиливме тренинзите, работевме напорно, бидејќи клучно е да ја кренеме физичката подготовка за да можеме во оние завршници да имаме поголеми шанси за победа. Уште сме во проблем со ростерот, Соколов е во аут, Симоновски се врати. Но прашање е колку може да ни помогне со неколку одработени тренинзи. Но неговото враќање многу значи за екипата во ситуација кога сме пократки на бековските позиции.
Игокеа е искусен тим, предводен од Вук Радивојевиќ, добро се познаваат, подолго време играат заедно Наше е да продолжиме да ја креваме формата и низ тоа да се обидеме да дојдеме и до победа"- смета Лукајиќ.

Најново во Кошарка