РЕКОРДНИ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН

Никој како МЗТ Скопје – 108 гостински поени (ВИДЕО)

Ако се зeме в предвид дека само во првото полувреме „сино-белите" уфрлија дури 63 поени, јасно беше дека во Лакташи ќе биде урнат еден рекорд!

објавено: 17 октомври 2017 - 09:00

Кога игра, МЗТ Скопје навистина игра, особено во оној офанзивен дел. Доказ плус за тоа беа и оние синоќешни 40. минути одиграни на теренот на Игокеа, кои делуваа скоро беспрекорно, посебно во фазата на нападот.

Избраниците на Александар Тодоров стигнаа до неверојатна бројка од дури 108.постигнати поени на гостински паркет, што е резултат за секаков респект!
Го најавија тоа уште во првото полувреме, на истекот на 20.минута, предводени од непогрешливиот Дамјан Стојановски, „металците" стигнаа до 63. реализирани поени.
Малку подзастанаа во третиот период. Но во оној последниот повторно беа"жешки". Особено тоа се однесува за Стојановски, но и за Бојан Трајковски.
Беа комплетирани 108 поени, или најмногу кои една екипа од АБА лигата ги има реализирано во оваа прва фаза, односно во четири одиграни кола.

Интересно, овој четвртти круг од регионалното натпреварување донесе дури три „стотки". Блиску до ефектот на „аеродромци" беше оној на Партизан, чии кошаркари на гостувањето во Задар дадоа 104 поени.
До „стотката", иако по продолжението од пет минути во дуелот со Цедевита, стигнаа и кошаркарите на Цибона.
А ова коло ќе остане запаметено и по тоа дека оваа победа на МЗТ Скопје во Лакташи беше петтата за гостинските екипи. Честа ја спаси токму Цибона, во загрепската пресметка со Цедевита.
Досега, троцифрен ефект според бројот на дадени поени во лигата имаа само уште кошаркарите на ФМП, и тоа токму во дуелот со нашиот првак, кога во второто коло дадоа точно сто.

 

Најново во Кошарка