НЕМА СВЕТЛО НА КРАЈОТ НА ТУНЕЛОТ ВО АЕРОДРОМ

Нов потоп на „металците", 11 по ред...

Ништо ново во Аеродром, стигна уште еден пораз, сега и од Игокеа (68:77)...

објавено: 5 јануари 2018 - 18:33

МЗТ Скопје не ја потсети нашата кошаркарска јавност дека знае да победува во АБА лигата.

Уште една шанса, и уште една упропастена можност беше дуелот со Игокеа.
Но се случи нешто "веќе видено" во Скопје.
Во „Јане Сандански " дојде екипата една од двете (уште само Партизан) која македонскиот првак ја совлада во оваа АБА сезона.
Но гостите од Лакташи беа подготвени за реванш, и таа своја намера ја реализира во целост.
МЗТ СКОПЈЕ – ИГОКЕА 68:77 (16-19; 17-17; 19-17; 16-24)
Со (11:2) поведе Игокеа за нецели четири минути од играта во првиот период. И го натера Жељко Лукајиќ да реагира, со минута одмор. Српскиот тренер стартуваше со две изненадувања, односно со Минчев и Маслинко во првите пет на МЗТ Скопје.
Реакцијата стигна од Стојановски, со пет поени по ред, за домашната екипа фати некаков приклучок во резултатот (10:15).
МЗТ се мачеше се оној дефанзивен скок, имаа доста „ширина" во нападот гостите , од каде често реализираа Рикиќ и Љубичиќ (по шест поени).


Со мини серија од (6-0), МЗТ Скопје се врати уште поблиску (16:19), Игокеа имаше десет обиди за тир поени, но пгоодија само еднаш што имаше свое резултатско „влијание" во таа прва четвртина во која Стојановски и Мавра уфрлија по пет поени.
Овој двоец го донесе МЗТ до нерешен резултат (24:24), како што беше во 13.минута.
Домашните кошаркари продолжи со „провоцирање на шут за три" кај противникот.


Добра вест за мак-шампионот беше и „појавувањето" на Трајковски, како трет „скорер" во тимот покрај Стојановски и Мавра.
Но ги „пресече" втората противничка мини-серија од (7-0) за одвојување на (34:27), и нов потрошен тајм аут на домашниот тренер. Не ја запре ниту тоа екипата од Лакташи која дојде од највисоките (36:27).
Но „металците" најдоа решение, па по забивањето на Спасојевиќ, ја затворија својата втпора мини поентерска серија од шест поени, за крајни (33:36).
Првото полувреме Мавра го заврши со девет, Стојановски и Трајковски имаа по еден помалку, додека со десет реализиции кај Игокеа беше некогашниот „металец", Марко Љубичиќ.
Тој беше централната фигура во играта во третиот период. Со три тројки по ред и 11. поени, Љубичиќ ја држеше Игокеа на пристојна резултатска дистанца. Навистина не двоцифрена, но доста комотна (51:43), како што беше во 27. минута од играта.


Третата тројка на Стојановски пак го врати МЗТ уште еднаш „назад во мечот", (48:51). Серијата продолжи на (8-0) па Игокеа беше само со „пола кош" вишок (50:51). По заслуга и на Спасојевиќ, кој поврза десет поени, за исто растојание (52:53), по три четвртини.
Минчев со тројка ги поништи двете грешки на Мавра, за (55:57), така беше отворена онаа последната...
Минути во кои за прв пат на мечот во „Јане Сандански" дојде и до двоцифрен плус (67:57), со само петминутен простор за „металците" за ново враќање.

Вербата со четвртата тројка, ја врати Стојановски (61:69), но му парираше Радивојевиќ, на ист начин за многу добра позиција за Игокеа на влезот во последните три минути (74:61)
Минути во кој МЗТ Скопје не знаеше да го направи тоа уште еднаш, да се врати и да се обиде, да го избегне 11. пораз по ред во АБА конкуренцијата.

 

Најново во Кошарка