Стигна потврда

ОФИЦИЈАЛНО: МЗТ го избрка Диабате, кој е следниот?

Она што „Спортмедиа“ го најави пред два дена, вечерва доби потврда. Шампионот новата чистка ја започна со Мулуку Сулеjман Диабате. 

објавено: 13 јануари 2017 - 19:54

Она што „Спортмедиа“ го најави пред два дена, вечерва доби потврда. Мулуку Сулеjман Диабате е веќе минато за МЗТ Скопје. Откако плејмејкерот не ги исполни очекувањата, челниците на клубот одлучија новата чистка во тимот да ја започнат токму од него. 

Диабате вечерва не се најде во составот на МЗТ Скопје, кој против Задар мора да дојде до победа доколку сака да се избори за опстанок во АБА-лигата. Токму слабите резултати на „сино-белите“ се причина за новиот бран на промени во ростерот. 

Нашите информации велат дека стручниот штаб и управата може да повлечат нов потег, но по завршување на средбата со хрватскиот тим. 

 

 

Најново во Кошарка