Десет кола колку да се учествува

Охриѓани служат за билдање разлика, нов дебакл со 50 поени од Крка

Кошаркарите на Охрид претрпеа нов тежок пораз со цели 50 поени разлика, вечерва од Крка со 52:102 и останаа фенерџии во втората АБА лига

објавено: 19 декември 2017 - 20:51

Кошаркарите на Охрид претрпеа нов тежок пораз со цели 50 поени разлика, вечерва од Крка со 52:102 и останаа фенерџии во втората АБА лига.

Дебитантското учество на охриѓани во лова натпреварување минува во знакот на катастрофалните порази, а и во Словенија не беше поинаку.

Кошаркарите на Крка си поигруваа со нашиот прволигаш и веќе по првиот период најавија дебакл за гостите од Охрид. Ја добија првата четвртина со 32:6, а потоа само ја зголемуваа разликата до конечните 102:52.

Дури седум кошаркари кај домаќините имаа двоцифрен ефект во поени, но најефикасен на мечот беше Реми Бери во редовите на Охрид со 20 поени. Само францускиот кошаркар од Трембле кај гостите имаше над 10 поени, што покажува колку скромен квалитет има Охрид. Тие се најслабиот тим во втората Јадранска лига со само една победа, службена против Босна и дури девет порази.

Најново во Кошарка