СТАРТУВА 2. ИЗДАНИЕ НА СУПЕР КУПОТ НА АБА ЛИГАТА

„Осумката" се загрева во Лакташи

Со натпреварот Морнар – Партизан (вечерва од 18.часот), ќе почнат овие возбудувања кои со себе ги носи Јадранската лига.

објавено: 20 септември 2018 - 14:30

За жал, по многу години, одново без учество на еден наш претставник ќе биде најсилното регионално натпреварување.

Натпреварување кое своја „увертира" ќе има во наредните четии дена, кога во Лакташи, на теренот на Игокеа, се игра Супер купот на АБА лигата.

По втор пат, со учество на осум екипи, оние најдобрите од ланската сезона во која МЗТ Скопје испадна од оваа јадранска конкуренција.
Екипата на Будуќност го брани приматот како најдобра во ланското издание, поради што и стигна до евролигашкиот статус.
А се чини најголема конкуренција ќе им прават уште три екипи Црвена Звезда, Цедевита, и Партизан, иако како и секогаш, можно е да се појави уште некоја.

АБА СУПЕР КУП – ЛАКТАШИ-2018

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ДЕНЕСКА:
18.00: Морнар – Партизан (1)
20.30. Будуќност – Игокеа (2)
ПЕТОК:
18.00: Цедевита – Задар (3)
20.30: Ц. Звезда - П. Олимпија (4)
ПОЛУФИНАЛЕ (САБОТА)
18.00: победник 1 – победник 2 (А)
20.30: победник 3 - победник 4 (Б)
ФИНАЛЕ (НЕДЕЛА)
21.00: победник А – победник Б

Најново во Кошарка