ЕКС „МЕТАЛЕЦОТ" СЕ ВРАЌА ДОМА

ПАРТИЗАН СЕ „ПИШМАНИ“: Го враќа Луковиќ меѓу „црно-белите"?

Одличнатз сезона во сресот на Морнар, сјајниот центар ја заокружи со освојување на шампионската титула во шампионатот на Црна Гора, но прашање е дали ќе остане во Бар.

објавено: 2 јуни 2018 - 19:40

Историската прва титула во првенството на Црна Гора, ги натера челниците на Морнар веднаш да му понудат продолжение на соработката на Урош Луковиќ.

Но некогашниот центар на МЗТ Скопје, претходно на Куманово, и мал период на гевгелиски Кожув, се чини дека во овој момент има малку поинаки планови, кои ги прави последната понуда која стигнала не негова адреса.
И тоа од уште еден негов поранешен клуб – белградски Партизан.

Наводно „црно-белите" веќе испратиле понуда до високиот центар за негово враќање во „Хумска 1" со која би стартувала реконструкцијата на тимот за следната натпреварувачка сезона.
Сега веќе поранешниот тренер на Партизан, Мирослав Николиќ во текот на ланската сезона прелесно се откажа од услугите на 213 сантиметри високиот кошаркар, кој се чини дека ја одигра сезоната на кариерата како играч на Морнар од Бар.
Во АБА лигата во просек Луковиќ реализираше по 12.9 поени, 7.3 скока 2.3 блокади и 1.1 асистенции на натпревар.

Најново во Кошарка