НА ПЕТ КОЛА ПРЕД КРАЈОТ НА РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ ОДЛУЧЕНО:

Патникот во АБА ќе се бара на Ф4 во Чачак

Засега е сигурно едно, дека само победникот на финалниот турнир ќе обезбеди место во првата лига на Јадранот.

објавено: 23 февруари 2018 - 21:00

Екипата на Борац односно градот Чачак ќе биде домаќин на завршниот турнир на АБА-2 лигата.

Ова го објавија од седиштетото на Лигата на Јадраното во Загреб, по што стана јасно дека актуелниоt лидер на табелата, има и најјголеми шанси да стане нов члeн на првата лига на Јадранското натпреварување.

Засега, на пет кола пред крајот на регуларниот дел, тимот од градот-организарот има најдобар ефект во лигата. Односно по 17 кола, имаат 12. победи и 5. порази.
Ист таков ефект има и екипата на Крка од Ново Место, додека пак Вршац и Сикст Приморка се на 11. победи и 6. порази.
До крајот, шанса да заиграат на „Фајнал-фор" турнирот во Чачак имаат делумно и составот на Зрињски од Мостар со десет, и Рогашка која брои девет победи и шест порази.
Убедливо последна е екипата на АВ Охрид, со само една (службена) победа, против Босна Ројал.
Само победникот на ова натпреварување ќе избори пласман во АБА лигата за сезоната 2018/2019.

Најново во Кошарка