ШАМПИОНОТ ГО ГУБИ МЕСТОТО НА ЈАДРАНОТ

Планот „Б“ на АБА-лига е фатален за МЗТ, а уште полош за Работнички

Постоечкиот систем на АБА-лига заминува во историја, натпреварувањето станува затворено. МЗТ Скопје може да игра само во Втората лига, во која настапува АВ Охрид, а додека Работнички може да заборави на идејата дека следната сезона може да стане вториот македонски тим кој настапувал во најсилното натпреварување на Јадранот.

објавено: 13 март 2018 - 18:25

Постоечкиот систем на АБА-лига заминува во историја, натпреварувањето станува затворено. МЗТ Скопје може да игра само во Втората лига, во која настапува АВ Охрид, а додека Работнички може да заборави на идејата дека следната сезона може да стане третиот македонски тим, по МЗТ Скопје и Карпош Соколи, кој настапувал во најсилното натпреварување на Јадранот.

Во иднина нема да се земаат во предвид коефициентот на бодување според кој екипите од СФРЈ беа ренгирани.

Ова значи дека за МЗТ Скопје нема да има место. Актуелниот македонски шампион ќе се сели во АБА 2, а неговото место ќе му припадне на победникот од фајнл-форот од пониското натпреварување. Информацијата која доаѓа од српските медиуми, а не од официјалниот сајт на АБА е лоша и за Работнички, кој пак ќе почека за да влезе во оваа лига.

Доколку најавите се оставарат во оваа лига следната сезона ќе се натпреваруваат: Црвена Звезда, Партизан, Мега Бемакс, ФМП од Србија, Цедевита, Цибона, Задар од Хрватска, Будуќност и Морнар од Црна Гора, Олимпија од Словенија, Игоекеа, и шампионот од Втората лига.

 

Најново во Кошарка