МЗТ Скопје ќе менува на позицијата „четири“

По Мејси, доаѓа Кларк!

МЗТ Скопје Аеродром најде замена за Џеремаја Мејси, а тоа е британскиот репрезентативец Даниел „Ден" Кларк. Овој 28-годишен кошаркар во минатата сезона му беше соиграч на Војдан Стојановски во Морабанк Андора.

објавено: 20 октомври 2016 - 08:00

МЗТ Скопје Аеродром најде замена за Џеремаја Мејси, а тоа е британскиот репрезентативец Даниел Кларк. Овој 28. годишен кошаркар во минатата сезона му беше соиграч на Војдан Стојановски во Морабанк Андора.
Кларк е висок 210 сантиметри и познат е по добриот шут од далечина.

Во тоа можевме да се увериме и минатиот месец кога со селекцијата на Велика Британија гостуваше во Кавадарци и на избраниците на Драган Раца им даде 21 поен, а погоди четири тројки од седум обиди.
Кларк на таа средба од квалификациите за Евробаскетот 2017 имаше и 5 скока за 26 минути игра и беше најефикасен поединец кај гостите, кои славеа со 89:62. Квалификациите ги заврши со просек од 13,7 поени и 4,7 скока по меч.

А како клупски колега на Војдан, Кларк лани имаше просек од 7 поени и 2,8 скока за 16,6 минути по меч. Тројките ги погодуваше со 31,1 отсто реализација, а од линијата за слободни имаше 76,7 проценти успешност.

Како репрезентативец, Кларк има играно на Евробаскетот во 2009 година, истиот успех ќе го повтори и наредното лето. Во 2012 година Кларк имаше чест да биде член на националниот тим на Велика Британија кој настапи на Олимписките игри во Лондон.

Најново во Кошарка