МЗТ Скопје нема време за одбир на нов тренер

По Рајковиќ, кој друг ако не, Јончевски!

На следното гостување, она во Еврокупот, во Литванија, „сино-белите“ ќе бидат предводени од досегашниот помошник на Емил Рајковиќ, „дежурниот тренер“во клубот од Аеродром, Александар Јончевски.

објавено: 10 октомври 2016 - 00:17

По Александар Јончевски, ова лето дојде Емил Рајковиќ. По заминувањето на Емил Рајковиќ, од вечерва, нов в.д „шеф на стручниот штаб“ ќе биде кој друг, ако не Александар Јончевски.

Со оглед на кусиот временски рок за избор на нов предводник на тимот од Аеродром, раководството на МЗТ Скопје одлучи за таа улога уште еднаш да го именува, би се рекло, „дежурниот тренер“ во клубот, Александар Јончевски.

„Сино-белите“ веќе утре ќе тргнат кон Литванија, каде што в среда ги очекува првиот дуел од Еврокупот против Лиеткабелис.

Претходно досегашниот предводник на „металците" призна дека погрешил со изборот на двајцата Американци, Тори Томас и Џеремаја мејси со кои се разделиле пред овој меч со Цибона кој го чинеше оставка.

Пред да си оди од клубот во кој издржа само четири АБА натпревари, и без ниту еден триумф, Рајковиќ даде даде свое видување на поразот од хрватскиот тим: 

„Во вечерашниот дуел дадовме сѐ од себе, играчите одиграа чесно, сакаа да победат и во тоа ништо не можам да им забележем. Факт е дека немавме среќа, ја имавме победата в раце, но топката во неколку наврати сама влегуваше во нашиот кош по некои лоши реакции на Џош Скот.

Настапивме во состав во кој ги немаше Џеремаја Мејси и Тори Томас, со кои решивме да ја прекинеме соработката, со повредени Дреновац и Лалиќ и со невоигран Синовец. Досегашните резултати не се добри, но се со противници кои сигурно ќе бидат во горниот дел од табелата и овој ростер што сега го оформивме мислам дека веќе почнувајќи од дуелот со Задар па сѐ до 12. коло ќе има шанси да се остварат потребните победи за етаблирање во горната половина од АБА-лигата. Момците дефинитивно имаат капацитет и верувам дека ќе успеат во тоа"- прокоментира Рајковиќ на заминување од „Јане Сандански“. 

Најново во Кошарка