ПОЛИТИКАТА НА ЗВЕЗДА Е ПОИНАКВА, НЕ Е САМО ДА СЕ ПОБЕДИ

По триумфот над Цибона, Антиќ со опомена

И покрај тоа што српскиот тим си замина со цел плен, сепак македонскиот кошаркар Перо Антиќ не беше задоволен од играта.

објавено: 12 декември 2017 - 09:30

Црвена Звезда го забележа деветтиот триумф во АБА-лига, откако на гостувањето кај Цибона славеше со 93:87. И покрај тоа што српскиот тим си замина со цел плен, сепак македонскиот кошаркар Перо Антиќ не беше задоволен од играта. Тој предупреди дека Звезда не смее да си дозволува грешки како на дуелот во Загреб, доколку сака да продолжи со добри игри во Евролига.

„Во првата четвртина игравме супер, по што продолживме спортивно од она што се договоривме, па противникот намали на шест разлика. Треба да покажеме карактер и нашето вистински лице. Ова не беше нашето вистинско лице. Ваквите грешки со цела почит кон Цибона не смееме да ги повториме, поготово во Евролига", изјави Антиќ по мечот.

Македонскиот кошаркар средбата ја заврши со шест поени и три скока за нецели 22. минути во игра. 

Најново во Кошарка