ПОТВРДА ОД АБА ЛИГАТА

Полуфиналистите во Евролига и Еврокуп

Црвена Звезда, Цедевита, Партизан и Будуќност уште сега според пласманот во регионалната лига осигураа места во натреваруавњата на ЕЦА, но...

објавено: 15 март 2017 - 10:38

Се ближи крајот на сезоната во Јадранската лига, стигна до полуфиналната серија на плеј-офот, но се чини дека уште сега делува дека европската кошарка ја чека уште едно долго топло лето.

Секако поради „војната" помеѓу Евролигата и ФИБА.
Кога е во прашање регионаното натпреварување, јасно е дека шампионот ќе има место во Евролигата, а како што тврди и директорот на АБА лигата, Крешимир Новосел, три позиции во Еврокупот.
Токму Еврокупот и настапите во тоа натпреварување би можеле да бидат точката на сопирање, исто како и минатата година, кога на пример, белградски Партизан прво се пријави да игра таму, а потоа под притисок на матичната федерација, ја сменија одлуката и заигра во ФИБА Лигата на Шампионите.


Останува да се види што ќе се случи во текот на ова лето, иако сега е веќе извесно дека четири места во натпреварувањата кои се под јурисдикција на Евролигата обезбедија тимовите кои ќе играат во полуфиналето на плеј-офот: Црвена Звезда, Цедевита, Партизан и Будуќност.

„Ние како членови на ЕЦА имаме места во Евролигата и Еврокупот. Што се однесува до ФИБА Лигата на Шампионите, тоа одеше преку националните федерации" - објасни првиот оперативец на лигата дадена за некои српски медиуми.

Наскоро би требало да биде одржано и Собранието на акционерите на лигата на кое една од темата ќе биде и евентуалното намалување на учесници од 14 на 12.

„Се зависи од одлуката на сопствениците на клубовите" - заклучува Новосел

Најново во Кошарка