ПЕРСОНАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ ГРИЖА ЗА БУДУЌНОСТ

Повредите, а не МЗТ го „секираат" Џикиќ и колегите

Екипата на Будуќност е голем фаворит во вечерашниот дуел од 20. коло од АБА лигата против скопски МЗТ Скопје, но „сино-белите" од Подгорица се чини дека повеќе гледаат кон лекарите околу овие 40.минути планирани за 19. часот во нивната „Морача".

објавено: 11 февруари 2018 - 13:00

Екипата на Будуќност е голем фаворит во вечерашниот дуел од 20. коло од АБА лигата против скопски МЗТ Скопје, но „сино-белите" од Подгорица се чини дека повеќе гледаат кон лекарите околу овие 40.минути планирани за 19. часот во нивната „Морача".

Повреден е Филип Баровиќ (можеби ќе го нема до крајот на сезоната), додека во процес на опоравување се Алекса Илиќ, Петар Поповиќ, па и новакот Џастин Долман.
Проблеми имаат и другите Американци во тимот на Александар Џикиќ, Кајл Гибсон и Кајл Лендри.

„Точно е дека нас поголеми проблеми ни создава здравствениот биланс отколку натпреварот со екипата од Скопје. Ќе настојуваме да стигнеме до победата, а притоа да одмориме некои од играчите кои не се доволно подготвени за играње, а повратниците во тимот постепено да ги воведуваме во еден натпреварувачки ритам. Пред се затоа што многу брзо не очекува финалниор турнир во Купот, каде го браниме трофејот.
Не сакам да зборувам за амбициите, ни за тој турнир, ниту пак за плеј-офот во АБА лигата. Сега примарна цел е да ги опоравиме играчите. Кога сме комплетни, не се плашиме од ниту еден риал и секого можеме да го победиме. Но сега останува дилемата дали ќе бидеме комплетни и во кој состав ќе ги играме мечевите на одлука кои следуваат вклучително и двомечот со Дарушафака во четвртфиналето на Еврокупот "- вели асистент-тренерот на Будуќност, Игор Ѓалетиќ

Најново во Кошарка