ЦЕДЕВИТА Е НИВО ПОГОРЕ ВО ОДНОС НА МЗТ СКОПЈЕ

ПРОСТУВАЊЕ СО ПОРАЗ: Домашната „самодоверба“ недоволна за Јадранот!

Цедевита мораше и го победи МЗТ Скопје (85:64) , и остана во трката за позицијата број 2 пред стартот на плеј-офот. На „металците“ им останува уште еден меч, патување до Бар, за побрзо да стават крај на една лоша, можеби и најлоша сезона откако се во друштвото на АБА -лигашите.

објавено: 3 март 2018 - 18:38

Цедевита мораше и го победи МЗТ Скопје, и остана во трката за позицијата број 2 пред стартот на плеј-офот. На „металците" им останува уште еден меч за побрзо да стават крај на една лоша, можеби и најлоша сезона во друштвото на АБА -лигапите.

Се чини дека една екипа која е правена да биде и евролигашка, знаеше да го искористо својот потенцијал, а нејзиниот тренер, Јуриј Здовц да ги распредели силите колку што за тоа е потребно. Да се биде подобар пд МЗТ во Скопје...

Екипата која за последен пат се претстави, барем во оваа АБА сезона, со слика која ја емитираше во најголем дел од сезоната која сите во Аеродорм сакаат да ја избришат од својата колективна меморија. 

МЗТ СКОПЈЕ – ЦЕДЕВИТА 64:85 (13-15; 18-26; 17-16; 16-28)

МЗТ Скопје имаше солидна стартна предност од шест поени (13:7). Но првата поголема серија од (12-0) го донесе фаворитот во водство (19:13). Но таа не застана ниту на преминот од првата во втората четвртина. Откако Чери погоди уште една тројка, и Цедевита поведе со (22:15), тоа беше знак дека Жељко Лукајиќ мора да земе една минута за одмор, кога беа одиграни само 12.минути.

Без конкретна промена, и во играта, и во резултатот, затоа што Цедевита стигна и до двоцифрена позитива (25:15). Лошата комуникација во одбраната го „натераа" Маркота да ја реализира и својата трета тројка (половина од тимските шест), по која веќе беше највисоки, (28:16).
Соколов беше играчот кој со својот деветти поен на мечот, не даде МЗТ Скопје да влезе во уште поголема негатива. Намали домашната екипа на (21:28) во средишната фаза од вториот период.
Лалиќ беше вториот „позитивен лик" во играта на МЗТ Скопје, барем во нападот...


Втората причина поради која „металците" беа тука некаде, на минус од шест поени (29:35), кога се играше 18.минута.
Лукајиќ направо доста промени, но никако не успеа да ја пронајде онаа вистинска петорка, во која „од авион" се гледа(ше) дека недостасува вистински организатор на играта.
И со дозирано трошење на енергијата искуснито тим на Цедевита знаеше да ја брани предноста, до полувремето да биде уште еднаш двоцифрена (41:31). Најмногу по заслуга на Чери со 10 и Николс кој уфрлија 9. поени.

До крајот се што сторија сино белите беше да дојдат до негатива од пет поени, но и ништо преку тоа.

Цедевита има доволен квалитет да држи контрола, барем против противници кои не се на истиот. Со постојана контрола на сите елементи. гостите од Загреб ја реализираа замислената цел, да го победат МЗТ Скопје и да чекаат некој кикс на конкуренцијата како би обезбедиле предност на домашниот терен во полуфиналето на АБА плеј-офот. 

За МЗТ Скопје остана едно туристичко патување до Бар, и мечот со Морнар, изненадувањето на сезоната во АБА лигата, ама она најпријатното...

 

Најново во Кошарка