Пораз на стартот

Првите бодови отпатуваа за Чачак, Охрид поразен од Борац со 20 поени разлика

Кошаркарите на Охрид загубија со убедливи 20 поени разлика на дебито во АБА лигата два, а бодовите отпатуваа за Чачак

 

објавено: 11 октомври 2017 - 18:57

Кошаркарите на Охрид загубија со убедливи 20 поени разлика на дебито во АБА лигата два, а бодовите отпатуваа за Чачак.

Гостите беа многу подобри и славеа со 82:62 во новата лига, која почна вчера, а ќе се игра во иднина. Охриѓани лошо го почнаа мечот и губеа 7 разлика по првиот период, 14:21. Потоа се играше рамноправно до почетокот на последниот период, но сите четвртини ги добија гостите, најубедливо последната со 21:11, за вкупни 20 поени разлика и први бодови на стартот од новото натпреварување на Јадранот.

Реми Бери со 21 поен и Кенет Крејг Рос со 13 беа најефикасни кај домаќините, а речиси идентичен учинок имаше и најефикасното дуо кај гостите. Стојадиновиќ даде 21 поен, а Ѓоковиќ постигна 14.

Најново во Кошарка