НАЈДОБРИТЕ БУГАРСКИ КЛУБОВИ ГО ТЕСТИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК

Прво со Левски, па со Лукоил, нема „контроли" во Крајова, има во Солун...

Наместо дводневното гостување во Романија, следната недела „металците" ќе играат со солунски Арис...

објавено: 13 септември 2017 - 16:15

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утринава отпатуваа за Софија каде што денеска и утре ќе одиграат и две пријателски средби во рамки на подготовките за новата сезона.

Вечерва, од 19.часот, „сино-белите" ќе ги одмерат силите со поранешниот шампион на Бугарија, екипата на Левски.
Утре, пак, (еден час порано), противник на составот од Аеродром ќе биде актуелниот бугарски првак, екипата на Лукоил Академик.

Двете контролни средби ќе се одиграат во салата „Универзијада" во престолнината на западниот сосед.
А суурчниот штаб најавува дека на овие две проверки ќе настапи и последното засилување, Јуре Лалиќ.
Раководството на МЗТ Скопје потврди и тоа дека планираните дуели со Крајова закажани за петок и сабота, нема да се одиграат. Подобро кажано истите се одложени во заеднички договор на двете екипи.
Наместо тоа, МЗТ Скопје Аеродром закажа пресметка со грчки Арис, која на 18 септември (понеделник) ќе се одигра во Солун.

 

Најново во Кошарка