По четвртиот пораз во низа како прв тренер на МЗТ Скопје

Рајковиќ остана на зборот, даде ОСТАВКА!

„Јас сум тренер и човек кој негува високи морални вредности и поради тоа поднесувам неотповиклива оставка и дека на МЗТ Скопје Аеродром му посакувам среќа во следниот период во сите натпреварувања

објавено: 10 октомври 2016 - 00:02

Поразот во вечерашната средба на домашен терен против Цибона (85-89), кој е четврти во низа во новата сезона во АБА-лигата, значеше и крај на соработката на МЗТ Скопје Аеродром со тренерот Емил Рајковиќ, кој по средбата поднесе неотповиклива оставка, која беше прифатена од управата на клубот.

„Јас сум тренер и човек кој негува високи морални вредности и поради тоа поднесувам неотповиклива оставка и дека на МЗТ Скопје Аеродром му посакувам среќа во следниот период во сите натпреварувања. Се трудев, дадов сѐ од себе, но едноставно не направивме резултат поради што ваквиот мој чекорможеби ќе биде подобар и за клубот и за мене", изјави Рајковиќ на прес-конференцијата по средбата со загрепчани.

Најново во Кошарка