ОХРИЃАНИ ГОСТУВААТ КАЈ ЗРИЊСКИ, ВО ВТОРАТА АБА-ЛИГА

Рос: Мора да се бориме за секоја топка

„На натпреварот со Вршац во минатото коло, оставивме лоша слика за нас, и мора да се поправи тоа на гостувањето кај Зрињски“- вели Американецот во редовите на нашиот претставник во АБА 2 лигата.

објавено: 31 октомври 2017 - 16:30

Поправка на впечатокот после дебаклот од Вршац е главната цел на кошаркарите на АВ Охрид пред денешното гостување (18 часот) кај Зрињски во Мостар, во рамките на регионалната втора АБА-лига. „Галебите" се заковани на дното на табелата, како единствен тим без победа и со негативна кош-разлика од минус 92 поени.

Американскиот бек Кенет Рос, кој е еден од подобрите поединци во екипата на тренерот Петар Чочороски, смета дека ако сакаат да победат, мора да се борат за секоја топка.

„На натпреварот со Вршац во минатото коло, оставивме лоша слика за нас, и мора да се поправи тоа на гостувањето кај Зрињски. Сите во тимот ја посакуваме првата победа во втората АБА-лига, а за да дојдеме до целта, ќе треба да изгинеме за секоја топка на теренот" - најавува Рос.

Најново во Кошарка