Лидерот во АБА лигата со кадровски проблеми

Шанса за Карпош Соколи, Црвена звезда без Дангубиќ и Бјелица во Скопје

Лидерот во Јадранската лига, Црвена Звезда, ќе биде осетно ослабена вечерва против Карпош Соколи од 18 часот во меч од 23. коло. „Црвено-белите“ ќе играат без Дангубиќ и Бјелица, што ги зголемува шансите на домаќините да приредат изненадување

објавено: 14 февруари 2017 - 10:52

Лидерот во Јадранската лига, Црвена Звезда, ќе биде осетно ослабена вечерва против Карпош Соколи од 18 часот во меч од 23. коло. „Црвено-белите" ќе играат без Дангубиќ и Бјелица, што ги зголемува шансите на домаќините да приредат изненадување.

„Дангубиќ не е со нас во Скопје, а поради проблеми со грбот нема да може да ни помогбне и Бјелица“, изјави тренерот на гостите, Дејан Радоњиќ.

Црвена Звезда веќе го обезбеди првото место во АБА лигата, па во Скопје нема посебен мотив за победа, што е можност за „Соколите“ да долетаат до триумф, кој би им гарантирал опстанок.

 

Најново во Кошарка