ПОМАЛКУ Е НЕРЕАЛНО, НО...

ШТО СЕ СЛУЧУВА: Кога „тешкаш" од 132 кила ќе го удри силно баскетот (ФОТО)

Не можеш да им поверуваш на своите очи... Изгледа сосема нереално...

објавено: 19 ноември 2018 - 20:15

Една фотографија од мечот Црвена Ѕвезда-Морнар од АБА лигата стана вистински хит на социјалните мрежи.
„Црвено-белите" демонстрираа сила против тимот од Бар (104:71).
А нивниот повеќе од снажен центар, Мајкл Оџо, освен што беше незапирлив во рекетот, стигна да „наслика" една неверојатна фотографија.
Фоторепортерот од овој меч во Белград го „фати моментот" кога Оџо ја спушта топката на паркетот во дриблинг, и таа удира на подот.
Сликата е помалку и нереална, од силината на ударот топката „се сплеска" и делува како да е издишана!!!

Факт е дека со својата појава Оџо им влева страв во коски на противниците. Висок е 216 сантиметри, и има 132 килограми!
Верувале или не, носи патики број 56, кои специјално з анего ги прави компанијата „Најк" затоа што таа величина во слободна продажба и ја нема.

Најново во Кошарка