И ИСКУСНИОТ ШУТЕР НА МЗТ СКОПЈЕ ДЕЛУВА ДОСТА РАЗОЧАРАНО

СИМОНОВСКИ: Да заборавиме на ова, и да најдеме начин да победуваме

„Да пробаме да го заборавиме овој натпревар. А во оние другите да влеземе што е можно подобро, и да почнеме да победуваме, Затоа што тоа би било најдобро за сите нас"- коментира шутерот на „сино-белите".

објавено: 19 ноември 2017 - 21:30

Марко Симоновски, како и неговите соиграчи, не успеаја да го изненадат фаворитот од Подгорица. Макар што, едно време, пред крајот на третиот период, дојдоа во ситуација да размислуваат за пресврт. Но самите влегоа во една „резултатска дупка" од која веќе немаше враќање...

"На почетокот, мислам дека добро го отворивме мечот. Но немавме добар шут што противникот знаеше да го користи и да дојде до солидна предност. 
Проблемите дојдоа во второто, кога бевме доста конфузни, и во нападот и во одбраната. Факт е и тоа дека ни 'фатија' доста офанзивни скокови. Затоа и разликата отиде до таму, да биде и толку голема.Она што би го додал во оваа прилика е да пробаме да го заборавиме овој натпревар. А во оние другите да влеземе што е можно подобро, и да почнеме да победуваме, Затоа што тоа би било најдобро за сите нас"- искоментира шутерот на „сино-белите".

Најново во Кошарка