НИМАЛКУ ДОБРИ ВЕСТИ ЗА „МЕТАЛЦИТЕ"

Симоновски го пропушта почетокот на сезоната

Извесно е дека репрезентативниот бек мора да помине дополнителен рехабилитациски период по кој би бил максимално подготвен за играње.

објавено: 10 август 2017 - 17:20

Марко Симоновски не е дел од репрезентацијата на Македонија, а како што сега стојат работите, нема да биде ниту дел од МЗТ Скопје во онаа почетна фаза од новата првенствена сезона.

Пред се затоа што репрезентативниот бек не добил „зелено светло"' од лекарите кои направија неколку проверки на неговата повредена нога (стрес фрактура на фибулата). Најголем дел од нив се сложува дека Симоновски мора да одработи уште еден рехабилитациски период за да биде стонастотно подготвен за напорите кои следуваат.
И нема да биде никакво изненадување ако го пропушти оној уводен дел од нвата сезона која за македонскиот првак почнува на 1.октомври, за кога е закажано првото коло од АБА лигата.


И покрај тоа што во изминатиот период вредно работев на решавањето на овој евидентен проблем, работите не се одвиваат онака како што беше планирано" - констатира Симоновски.

Бекот на МЗТ Скопје сепак се надева дека многу работи ќе бидат подобри пред овој временски рок.

„Има доста време пред мене, поради ова, знатее дека не сум ниту дел од националнито тим. С елсушува во мошене незгоден период. Но нема назад. Гледам само напреад. Ќе ги испочитувам сите одлуки на докторите. Секако, само со една цел. Да бидам комплетно, односно максимално подготвен за да ги реализираме сите замисли на клубот кој ми ја даде максималната доверба. Предвидени се низа активности, од вежби до разни терапии. Се надевам дека за недела-две ќе почнам и со некои праволиниски движења. Не е ништо страшно. Ако веќе мора паузата да биде нешто подолга од онаа која очекував и јас и луѓето во клубот, ќе го издржиме и тоа. Сепак и ситуацијата не е нималку наивна, и така лесна за реализација. Би бил најсреќен кога од мене би се барало да погодам неколку тројки во серија, и сето ова да исчезне во истиот момент. Затоа ќе одиме полека, нема брзање"- дополнува искусниот бек-шутер на МЗТ Скопје.

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка