ГОСТИВАР КАКО ДОБАР СПАРИНГ ПАРТНЕР ЗА ВИЦЕПРВАКОТ

„Соколите“ и по втор пат подобри од Гостивар

Екипите на Карпош Соколи и Гостивар одиграа и втор контролен натпревар, по оној во Маврово, сега и во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски", во кој домашниот тим славеше со убедливи (93:78).

објавено: 13 септември 2017 - 21:43

Актуелниот вицешампион, екипата на Карпош Соколи, направи уште еден тест пред она што ги чека следната недела - настапот во ФИБА Лигата на Шампионите.

За кратко време избраниците на Борче Даскаловски ги одмерија силите со новиот прволигаш, екипата на Гостивар. И по втор пат беа подобри, сега со уште поубедливи (93:78), во натпреварот одигран во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. 

До натпреварот против Калев Крамо, закажан за вторник навечер на истото место, „соколите“ ќе одиграат уште еден контролен натпревар. Во сабота, (од 13.часот), ги чека последната проверка, а ривал ќе им биде екипата на Фени индустри од Кавадарци. 

 

Најново во Кошарка