ГОЛЕМА РАЗОЧАРАНОСТ ВО КЛУБОТ ОД КАРПОШ

„Соколите“ сакаат да летаат на јадранот и во иднина

Кратењето на АБА-лигата од 14 на 12 клуба најнегативно влијаеше врз Карпош соколи, клуб кој имаше амбиција да биде дел од јадранското друштво и во претстојната сезона, па и подолго.

објавено: 28 мај 2017 - 16:15

Одлуката на Собранието на АБА е единствен македонски клуб во регионалното друштво да биде МЗТ Скопје Аеродром.предизвика голем револт во редовите на Карпош Соколи. Иако на терен избори опстанокот во ова друштво, сепак, клубот од Карпош нема да игра во следното издание на АБА лигата.

Ни како што вели градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, таа „неспортска“ одлука ги тера на една оправдана реакција

„Трошевме пари, игравме добро, не бевме казнувани, сè беше направено како што треба. Нема да седиме со скрстени раце. Напротив, на челниците на лигата ќе им ги предочиме нашите ставови"- најавува еден од најзаслужните за подемот на овој клуб кој од третата лига стигна до статус на АБА лигаш.

„Соколите" првпат во својата историја освоија трофеј, оној од Купот на Македонија. Во првенството се изборија за „мајсторка“ во финалната серија.

Нагорната линија и развојот на клубот ќе бидат запрени ако не излезат на меѓународна сцена. За Кaрпош Соколи, прифатливо е да игра во новата втора АБА-лига, но во моментов не се големи шансите таа да профункционира уште оваа есен.

„Имавме сезона со која може да се гордееме. Имавме голем пех со повредата на Вркиќ. Да не се случеше тоа, сигурно би биле петти во АБА и шампиони на Македонија. Функциониравме како заедница, иако тука имаше играчи од Македонија, Хрватска, Србија и од САД" - додава Јакимовски.

Најново во Кошарка