Карпош Соколи сопрен во Подгорица

„Соколите" се изгубија во Морача, Будуќност без милост

Карпош Соколи не успеа по вторпат да го совлада Будуќност, на гостување во Подгорица беше совладан со 95:61.

објавено: 11 февруари 2017 - 20:06

Екипата на Карпош Соколи не успеа да ја забележи петата победа во низа и да приреди нова сензација во АБА-лигата. Македонскиот тим на гостувањето кај Будуќност беше совладан со убедливи 95:61 (35-15, 23-18, 17-12, 20-16) во рамките на 22. коло.

Надежта на „карпошовци“ заврши по првите десет минути, кога противникот поведе со 35-15. Лановиќ со 16 поени, Пери со 15 поени и Трајковски со 13 поени беа најефикасни.

„Соколите" немаа голема шанса да дојдат до втората победа против црногорскиот состав, кој мечот го отвори со серија од 6-0, а по тесните 16-15 направи серија од и 19-0 поведе со 35-15 по првата четвртина. Во овој дел од играта, Будуќност постигна пет тројки. 

Во продолжение домашниот тим продолжи во исто темпо, беше доминантен во нападот, на одморот постигна поени 60:33. Карпош Соколи кој на овој меч настапи без Вркиќ и Мавра беше немоќен во сите сегменти на гостувањето кај Будуќност.

Одморот добро им дојде на „соколите“, заиграа нешто подобро и намалија на 62:45, но тоа не беше доволно за да направат нешто повеќе. По третата четвртина негативата изнесуваше 75:45, како најава за 13. пораз за македонскиот тим во АБА-лигата. 

Следниот натпревар, Карпош Соколи игра против актуелниот шампион, Црвена Звезда.

Најново во Кошарка