ПОСЛЕДНА МАКА ЗА МЗТ СКОПЈЕ ВО АБА-ЛИГА

Соколов: Борбено и пожртвувано за крај

МЗТ Скопје денеска го игра последниот меч во АБА-лига сезонава. Македонскиот шампион му гостува на Морнар (19 часот) во меч без резултатско значење. 

објавено: 11 март 2018 - 12:00

МЗТ Скопје денеска го игра последниот меч во АБА-лига сезонава. Македонскиот шампион му гостува на Морнар (19 часот) во меч без резултатско значење. Избраниците на Жељко Лукајиќ имаат само три победи и друи 18 порази, што пак е најлош скор на МЗТ Скопје во ова натпреварување. 

Ако се земе во предвид дека противникот е на четвртото место на табелата, во тој случај на „сино-белите“ им преостанува да одиграат „машки“ и со достојна игра да ја завршат мачната сезона во јадранската лига.

„Нема што премногу да се каже за Морнар, освен дека е тим кој е меѓу четири најдобри во оваа силна конкуренција. Со тоа сè сме кажале. Ќе пробаме да дадеме максимум и да одиграме борбено и пожртвувано. Ова е последен меч во АБА сезонава и верувам дека тоа ќе ни биде дополнителен мотив да се покажаме во најдобро светло“, вели Дарко Соколов.

Тренерот на МЗТ Скопје на оваа средба нема да може да смета на Бојан Трајковски, Џордан Крафорд и Алексеј Нешовиќ.

„Ова ќе биде тежок меч за нас, со оглед на тоа што Морнар сезонава игра одлично и делува компактно, потполнет на сите позиции. Станува збор за тим со искусни играчи, а пласманот во полуфиналето на АБА-лигата говори за нивниот квалитет. Без разлика што средбата нема резултатско значење и што во неа традиционално влегуваме ослабени, оваа средба ќе ја искористиме за подготовка за финишот на сезоната во домашното првенство“.

 

Најново во Кошарка