АВ ОХРИД БЕЗ РЕШЕНИЈА ПРОТИВ ФАВОРИТОТ

Стари охридски навики – нов пораз на Јадранот

Иако сакаа(т) да биде поинаку, и во Вршац, против еден од големите фаворити за место во Првата лига на Јадранот, покажаа слабости уште од самиот почеток. Дефинитивно, одбраната е голем проблем за охриѓани, дури и сега во доста изменет состав. Нов убедлив пораз (79:111).

објавено: 17 јануари 2018 - 19:45

Иако сакаа(т) да биде поинаку, и во Вршац, против еден од големите фаворити за место во Првата лига на Јадранот, покажаа слабости уште од самиот почеток.
Дефинитивно, одбраната е голем проблем за охриѓани, дури и сега во доста изменет состав.

Вршац – АВ Охрид 111:79 (28-19; 30-19; 23-24; 30-17)

Не променија многу од своите „работни навики" кошаркарите на АВ Охрид.
Секако во овој АБА дел од сезоната.
Иако сакаа(т) да биде поинаку, и во Вршац, против еден од големите фаворити за место во Првата лига на Јадранот, покажаа слабости уште од самиот почеток.

Дефинитивно, одбраната е голем проблем за охриѓани, дури и сега во доста изменет состав.
Брзо влегоа избраниците на Петар Чочороски во негатива од која никако не успеваа да „се ослободат".
За 20. минути во „Милениум" примија дури 58. поени, а дадоа дури 20 помалку. Премногу и за играње против некоја послаба екипа, не како оваа домашната.
Многу поефикасна беше играта на АВ Охрид во третата четвртина, по заслуга на бековскиот двоец Јунаковиќ-Рос (44 поени) во тој дел од играта кој гостите го добија со минимални (24:23).
Но дефанзивата беше и остана проблем за нашиот преставник во ова натпреварување.

Најново во Кошарка