МЗТ СКОПЈЕ ПОДОБАР ОД ЛЕВСКИ

СУПЕР СТАРТ ВО СОФИЈА - плус 11 !

Во првата од двете предвидени проверки во Софија, „сино-белите" беа подобри од домашниот Левски. Славеа избраниците на тренерот Александар Тодоров со сигурни (78:67)

објавено: 13 септември 2017 - 21:15

Кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до втората победа во периодот на подготовките за новата сезона. Во првата од двете предвидени проверки во Софија, „сино-белите" беа подобри од домашниот Левски.

Славеа избраниците на тренерот Александар Тодоров со сигурни (78:67).

Даниел Џенсен со 20 поени беше најефикасен во нашиот тим, Ерик Гарсија постигна 14, Јуре Лалиќ 11, а Адем Мекиќ реализира 10 поени. Брет Бејли заврши со 9 поени, а БојанТрајковски и Дамјан Стојановски беа стрелци на по 7 поени.
Утре, пак, од 18. часот, исто така во софиска „Универзијада", противник на македонскиот, ќе биде актуелниот бугарски шампион, Лукоил Академик.

Најново во Кошарка