ШАМПИОНОТ ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Тодоров: До првата „контрола“ ќе бидеме комплетни!

„Реално, неопходен ни е уште еден играч на позицијата центар, но најверојатно ќе ни биде потребно уште кратко време за да го договориме овој трансфер. Во секој случај, очекувам целиот ростер да ми биде комплетиран до првата контролна средба“- истакна Тодоров на рвито собие на „сино-белите“...

објавено: 22 август 2017 - 20:30

Новиот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје Александар Тодоров тгнува во новата сезона со една реализирана замисла. Односно на првото официјално видување со медиумите, потврди дека тоа што го посакувал при враќањето во „Јане Сандански“, односно да имаат што повеќе македонски играчи во тимот, е практично реализирано.

„Реално сезоната ќе ја почнеме со четири странци, од кои едниот е принудно решение по повредата на Марко Симоновски (ќе паузира најмалку до ноември), значи идејата беше да стартуваме со тројца играчи од странство. Секогаш има подобри и полоши решенија, мислам дека ова што го завршивме како потпис на играч е она што можевме и задоволен сум.

Војдан Стојановски и Предраг Самарџиски реално не беа во комбинација, додека од оние кои очекував да ги имам во тимот беше Љубомир Младеновски, но ние со него воопшто не дојдовме во ситуација да преговараме за финансии бидејќи во стартот желба му беше да замине во странство. Во секој случај акцент ставаме на македонските играчи, кои ќе добијат шанса за докажување" – истакна Тодоров пред приот официјален тренинг на „металците“.

Би се рекло делумно официјален, особено ако се земе в предвид дека дел од екипата работеше одреден период заедно пред овој почеток.

„Почнуваме официјално со подготовки за сезоната, иако веќе одреден период бевме во тренажен процес, најмногу со Дамјан Стојановски со кого работевме уште од мај. Уште овој тренинг сме некомплетни бидејќи ни недостигаат двајцата Американци кои ќе пристигнат вечерва, а утре по медицинските прегледи ќе ни се стават на располагање.

Реално, неопходен ни е уште еден играч на позицијата центар, но најверојатно ќе ни биде потребно уште кратко време за да го договориме овој трансфер. Во секој случај, очекувам целиот ростер да ми биде комплетиран до првата контролна средба, за потоа да имаме доволно време за воигрување пред стартот на сезоната и премиерниот дуел од АБА против Партизан" – дополни Тодоров.

 

Најново во Кошарка