НЕМА ПРОМЕНИ, НИТУ ИГРАЧКИ НИТУ ПАК РЕЗУЛТАТСКИ ВО МЗТ

ТОДОРОВ: Паузата да ја искористиме за прегрупирање и пет победи до Нова година (ВИДЕО)

"Паузата е најдоброто нешто што може да ни се случи во овој момент. Ни треба за да се прегрупираме. Имаме четири средби во декември од кои мораме, како знаеме и умееме да добиеме три од нив. За да имаме пет победи до истекот на ова 2017 година, па останатите да ги бараме во наредната"- смета предводникот на „сино-белите“ по седмиот неуспех во регионалното натпреварување.

објавено: 19 ноември 2017 - 21:01

Александар Тодоров мораше да потпише уште една„капитулација" во АБА лигата. Будуќност беше фаворит, тоа и го покажа на теренот во СЦ „Јане Сандански". Но останува впечатокот дека не знаеја да ја искористат онаа една шанса кога стигнаа до негатива од осум оени и имаа напад(и) да биде пониска.
После тоа следуваше потоп...

„Очајна последна четвртина во која дозволивме да примиме 32 поени. А освн тоа да бидеме пет минути без дадени поени од игра. Да, претходно имавме напад да симнеме и на шест поени. Но наместо тоа, влеговме во таа негативна серија, ни дадоа 17 поени. Освен тоа имаа и 16 офанзивни скока, иако и без тоа се подобри од нас"- коментираше за овој меч, шефот на струката во МЗТ Скопје.

Се осврна Тодоров и на она што следува, паузата поради ФИБА обврскит ена националните тимови, која ја оцени како повеќе од добредојдена"

"Паузата е најдоброто нешто што може да ни се случи во овој момент. Ни треба за да се прегрупираме. Имаме четири средби во декември од кои мораме, како знаеме и умееме да добиеме три од нив. За да имаме пет победи до истекот на ова 2017 година, па останатите четири кои ни требаат, да ги бараме во наредната"- дополни Тодоров по седмиот неуспе во регионалното натпреварување.

Најново во Кошарка